176
По спроведената истрага, Жупаниското државно правобранителство во Вараждин, Хрватска поднело обвинителен акт против државјанин на Северна Македонија за сторени кривични дела обид за убиство и четири обиди за тешка телесна повреда.
Обвинението го товари 23-годишниот маж дека на 28 април годинава околу 3 часот на улица во центарот на Вараждин двапати прободел 23-годишен маж во телото.
23-годишниот обвинет е обвинет дека избодел и расекол со нож уште четворица мажи и им нанел физички повреди. Тој е во истражен затвор, а советот на Жупанискиот суд во Вараждин го прифатил предлогот на државниот правобранител и му го продолжи притворот поради опасност од бегство и извршување на нови кривични дела, објавија хрватските медиуми.