Македонец и Бугарин лепеле плакати со политичка содржина низ Скопје

од Nikola Popovski
275 прегледи

Полицијата информира дека фатиле бугарски државјанин, кој заедно со скопјанец лепеле плакати со политичка содржина низ градот.

-На 19.04.2022 во 23.44 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје било забележано патничко возило „фолксваген кеди“, со бугарски национални ознаки, а лицата кои биле во него лепеле плакати на автобуската постојка.

Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за плакати со политичка содржина.

Возилото било пронајдено на бул.„Кузман Јосифовски Питу“, а во него биле затекнати С.В.(31) од Бугарија и Д.С.(26) од Скопје. При преглед на возилото биле пронајдени исти такви плакати. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР.