Македонец и Бугарин разменувале епрувети со течност пред здравствен дом

од Nikola Popovski
215 прегледи

Полицијата информира дека Македонец и Бугарин вчера биле приведени во Делчево, откако биле фатени како разменуваат медиицински материјал.

-43-годишниот Г.Д. од СКопје и Д.К.И. (40) од Република Бугарија допатувале во дворот на Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево со службени возила на лаборатории од Скопје и Република Бугарија, каде што биле вработени, при што биле затекнати како вршат размена на медицински материјал, велат од МВР.

При претрес во возилата, извршен со судска наредба, во возилото на Д.К.И. била пронајдена и одземена ќеса со повеќе епрувети наполнети со течност.

За случајот е известен Јавен обвинител и по негово целосно расчистување и документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.