Многумина жители на Хрватска ја поминаа ноќта на улица крај огнот поради страв од нов земјотрес откако вчерашните домови им беа целосно уништени.
На социјалните мрежи се објавуваат вакви понуди не само од Хрватска туку и од регионот, а како што пишуваат хрватските медиуми, во Фејсбук групата „Земјотрес на локација Петриња“ е објавен статус од Македонија, кој трогна многумина.
-Ја нудам својата куќа во Скопје (Македонија) за 8 лица до 6 месеци (предност имаат луѓе со мали деца), исто така подготвен сум и да го платам патот до Македонија. Кога бев во тешка ситуација, една личност од Хрватска ми помогна многу, не можам да го заборавам тоа до смртта. Бог нека биде со вас браќа и сестри мои, нека ме контактираат во порака оние кои се заинтересирани. Нашите мисли се со вас, поздрав од Македонија – напиша Денис Синед.
По неговата објава следа позитивни рекации.
Тоа е срцето македонско. Таму каде што вечното сонце свети, таму е и нашата братска Македонија. Ви благодарам Ви благодарамБрат, ти си кралот … Симнувам капа на подот. Поздрав од Умаг…беа дел од коментарите.
По вчерашниот земјотрес со интензитет од 6,2 степени по Рихтер во Петриња се почувствуваа неколку послаби. Седум лица загинаа, а материјалната штета е огромна – во Петриња речиси и да нема зграда што да не е оштетена.