Македонец седна на клупата на ЦСКА Москва

од Nikola Popovski
226 прегледи

Рускиот кошаркарски гигант ЦСКА од Москва потврди дека нов тренер на „армејците“ ќе биде Емил Рајковиќ.

Тој на клупата на московјаните ќе го наследи Димитрис Итудис кој по осум години ја напушти Москва и ќе биде селектор на Грција.

Емил Рајковиќ до неодамна беше тренер на Автодор од Саратов, а во 2019 година беше прогласен за тренер на годината во ВТБ лигата додека седеше на клупата на Астана.

Македонецот потпиша двегодишен договор со ЦСКА.

Московскиот тим следната сезона нема да биде учесник во Евролигата поради санкции поради војната во Украина.

 

Слични содржини