311
Граѓанин на Северна Македонија почина откако му се слошило додека нуркал во вторникот во областа Бриони кај Вис.
Како што пишуваат хрватските медиуми, веднаш била испратена брза помош за да интервенира, но нуркачот веќе починал.
Областа Бриони кај Вис е една од најатрактивните области за нуркање на Јадранското Море, а тука доаѓаат многу нуркачки ентузијасти од странство.