Јавното претпријатие „Македонија пат“ апелира на внимателност до возачите поради појава на магла и намалена видливост на неколку патни правци во државата.
Намалена видливост од 100 до 150 метри има на патните правци Битола – Прилеп, Неготино – Демир Капија – Удово, Скопје – Велес и Велес – Скопје, од 50 до 60 метри на патните правци Штип – Радовиш – Струмица, Охрид – Струга, Охрид – Ресен, Кочани – Виница и Велес – Штип и до 100метри на патниот правец Свети Николе – Куманово и на планинскиот превој Плетвар.
Од „Македонија пат“ информираат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
-Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, а дежурните екипи на ЈП ‘Македонија пат’ постојано се на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни, стои во соопштението.