Македонија доби покана да биде домаќин на форумот ЕУ-Западен Балкан во октомври

од Nikola Popovski
101 прегледи

Aмбасадорот на Шпанија во Македонија, Хозе Луис Лозано Гарсија, предложи нашата да биде домаќин на овогодинешниот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, соопшти Министерството за внатрешни работи по средбата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска со амбасадорите на Шпанија Гарсија и на ЕУ во земјава Дејвид Гир.

На средбата Гарсија и Гир ги поздравија напорите на Република Северна Македонија во преговарачкиот процес со ЕУ и успехот на билатералната средба со Европската комисија.

Спасовски истакна дека ќе биде голема чест за Република Северна Македонија да биде домаќин на ваков голем и значаен настан, кој дополнително ќе испрати силна порака до земјите-членки на ЕУ за европските аспирации на Република Северна Македонија, особено во областа на правдата и внатрешните работи, се вели во пораката.

Шпанија го презема претседавањето со Советот на ЕУ во јули, а Форумот ЕУ-Западен Балкан е планиран за октомври годинава.

Слични содржини