Македонија да го почитува Договорот за добрососедство, кажа Борисов и го нарече „провокација“ невнесувањето на Бугарите во Уставот

од Nikola Popovski
299 прегледи

Лидерот на бугарската партија ГЕРБ и претседател на тамошната Комисија за надворешни работи, Бојко Борисов ја коментираше Резолуцијата што беше усвоена од бугарското Собрание за Македонија и напредокот во процесот на пристапување кон Европската Унија.

„Имаме Договор за добрососедство и француски предлог, а какви било провокации не се во ничиј интерес. Оваа резолуција уште еднаш нè потсетува дека фундаменталниот документ е Договорот за добрососедство“, објаснил лидерот на ГЕРБ, пренесуваат бугарските медиуми.

Тој инсистирал договорот да биде почитуван од страна на македонските власти и држава. Притоа, во изјава за тамошните медиуми, Борисов го дефинирал „палењето бугарски клубови и неприфаќањето на Бугарите во Уставот“ како провокација.

„Во исто време издадовме над 100.000 пасоши на граѓани на Република Северна Македонија“, кажал поранешниот бугарски премиер.

Слични содржини