Денес е 5 мај! Денес е една година откако слушнавме како Груевски, Јанкулоска, Мијалков и нивните соработници се обидоа да скријат убиство! Денес е една година откако полицијата насилно влезе и удри по студентите во библиотеките! Денес е 5 мај! Тие се на слобода, но ние сме на нозе, пишува иницијативата „Протестирам“ на нејзината страница на Фејсбук.

Денес #Протестирам ќе има во:
– Скопје, 18 часот, СЈО
– Охрид, 18 часот, кај Чинарон
– Кочани, 18 часот, во Градски парк
– Куманово, 18:30 часот, пред Основниот суд во Куманово
– Радовиш, 19 часот, плоштад „Свети Спасо Радовишки“
– Прилеп, 19 часот, кај Камената бина
– Струмица, 19 часот, кај Старата полиција и
– Гевгелија, 19:30 часот, пред Пензионерскиот дом