181
Попладнево во Паркот на воената историја Пивка во Словенија беше извршено примопредавање на донација од музејски експонат од Македонија, германски против-воздушен топ „Флак 38“ од Втората светска војна.
-Музеите нè потсетуваат на настаните од минатото кои треба да ни бидат и патоказ како да ја градиме иднината – наместо со оружје, тоа да го правиме со дипломатија, со дијалог и со меѓусебно почитување, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во рамки на посетата на Словенија заедно со министерот за одбрана на Словенија Марјан Шарец.
Паркот на воена историја во Пивка содржи поставки на оружје и воена опрема од Втората светска војна од подрачјето на регионот од поранешна Југославија.