Пратениците од пратеничката група „Преродба“ како и гостите на балконот од пленарната сала во бугарското Народно собрание подигнаа транспаренти со натпис: „Македонија е Бугарија“, а претседавачот на седницата Атанас Атанасов побара да ги тргнат за да не мора да ги земе и да ги избрка надвор од салата.
Претседателот на „Преродба“ Костадин Костадинов од собраниската говорница го искритикува меѓудругото и предлогот на Макрон и француската политика на Балканот:На крајот од својот говор пред пратениците Костадинов кажа:
„Македонија е Бугарија, Бугарија е Македонија. Македонија е Тракија. Македонија е Добруџа и ние никогаш нема да дозволиме бугарскиот национален интерес да биде предаден, зошто две национални катастрофи истрпевме заради тоа што нашата бугарска власт ја даде и предаде Македонија и сега стигаме до трета национална катастрофа, дециден е Костадинов чија партија Преродба денеска нема да гласа за резолуцијата за Северна Македонија во бугарското собрание“.
Македонија го одби францускиот предлог, а бугарската страна го модифицираше и го усвои. Бугарските власти повикаа Македонија да не ја испушти шансата, туку да го прифати предлогот.