Македонија е коспонзор на Резолуција за геноцидот во Сребреница

од Nikola Popovski
279 прегледи

С. Македонија е коспонзор, заедно со Германија, САД и други земји, на Резолуција во ОН за прогласување на 11-ти јули како Меѓународен ден на комеморација и сеќавање на геноцидот во Сребреница, БиХ во 1995 година и одбележување на истото секоја година. Ова денеска го истакна шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи.

Според него, Резолуцијата ќе биде претставена на 17-ти април пред Генералното Собрание на ОН, а ќе се гласа на 2-ри мај.

-Генералното собрание на ОН ги повикува сите земји-членки да ги чуваат фактите и да ги шират преку образовниот систем. Осуда без резерва на сите факти за глорификација на воените злосторници против човештвото. Ги повикува сите земји да се придружуват кон обврските. Ги повикува сите организации и граѓанското општество да го почитуваат овој меѓународен ден, кажа меѓу другото Османи.

Во четвртокот вечерта, по состанокот со политичкото раководство на босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска, српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека Србија ќе ги искористи сите политички средства за да им се спротивстави на земјите на НАТО „од Турција до Германија“ во врска со најавената резолуција, оценувајќи дека „мали се шансите за успех“, но дека ќе се бори за секој глас во ОН.

Слични содржини