Коронавирусот полека се проширува во Прилеп и Кавадарци. Британската мутација полека го зголемува бројот на новозаболени во овие два града.
Покрај Прилеп и Кавадарци на листата со најактивни случаеви е Скопје и Охирд.
- Скопје 2 938
- Прилеп 473
- Охрид 382
- Кавадарци 454
До крајот на неделава ги очекуваме и останатите количини на вакцини од Србија, како и 200-те илјади кинески вакцини.
Премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Бујар Османи доставиле барање до кинеската Амбасада за забрзување на постапката за носење на вакцината „Синофарм“.
-Вчера иако беше недела прво јас пуштив писмо, па потоа министерот Османи испрати писмо до кинеската Амбасада и до нашата амбасадорката Елизабета во Кина , за да го забрзаме самиот процес за час поскоро да биде договорено утоварување. Во текот на оваа недела треба да пристигнат 200.000 нарачаните вакцини од Кина.
Заев соопшти дека во тек е и потпишувањето на спогодба за вакцините „Спутник В“ од Русија.
Досега 1.155 здравствени работници ја примиле вакцината против Ковид-19. Вакцините се безбедни и развиени на сигурни платформи. Преку веб-страницата „Vakcinacija.mk” реализирани се 63.075 пријави од граѓаните со искажување на интерес за вакцинација.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.408, бројката на оздравени пациенти е 89.742, на починати е 3.076, а бројот на активни случаи изнесува 6.590.