Македонија го крши мразот на Евросонг: Васил ќе настапи прв во полуфиналето

од Elena Daskalova
413 прегледи

Организаторите на Евровизија 2020, која ќе се одржи во Ротердам, Холандија, ги извлекоа редните броеви за настапување на полуфиналните вечери.

Васил Гарванлиев ќе настапува во првата полуфинална вечер и тоа ни помалку, ни повеќе, туку под реден број 1, што значи дека тој буквално ќе ја отвори евровизиската сцена и ќе го скрши мразот.

Инаку, Васил и минатата година беше на Евровизија, но како пратечки вокал на Тамара Тодевска, зад сцената.

Наскоро ќе бидат објавени повеќе детали околу песната и авторскиот тим со кој пејачот ќе соработува, за да ѝ обезбеди на Македонија, се надеваме, уште подобар пласман од минатогодишниот.

Васил Гарванлиев е име кое на македонската естрада е присутно уште од неговото детство. Тој на Златно славејче ја отпеа незаборавната „Марионка“, детска песна која и денеска е вистински хит меѓу децата.

Слични содржини