Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со министерот Тимчо Муцунски и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денеска го отворија првиот дијалог во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Македонија и Европската Унија.
Овој чекор претставува значаен напредок за Македонија и целиот регион, бидејќи го зајакнува заедничкиот ангажман во областа на безбедноста и одбраната. Партнерството има за цел унапредување на соработката со ЕУ во клучни безбедносни области и развој на националните одбранбени капацитети.
„Со оваа соработка ќе продолжиме да градиме стабилен и безбеден регион, подготвен да се справи со сите предизвици“, истакна министерот Мисајловски.