Во јавната администрација работат 127.139 илајди луѓе. По неколку години молк, Министерство за информатичко општетсво и администрација го објави Регистарот на вработени во јавен сектор. Во оваа бројка се вработените во јавните претпријатија, општини, комисии, агенции и инстутуции од Централната власт. Не се бројат вработените во акционерските друштва и компаните со државен капитал, оти тие не биле опфатени со законските регулативи.

„Тие се целосно или делумно со државен капитал, меѓутоа не потпаѓаат под режимот на Законот, бидејќи дел од нив има кои се основани и со прватен капитал и не можат да бидат уредени на начини и постапки утврдени со Закон. Акционерските друштва не потпѓаат под режимот на Законот а со тоа и на Регистарот“, рече Марта Арсовска Томовска, министер за информатичко општество и администрација.