Македонија има 3,8 милијарди евра девизни резерви

од Nikola Popovski
383 прегледи

Народната банка информира дека на крајот на  јули 2023 година, официјалните девизни резерви изнесуваат 3.801,7 милиони евра.

Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,8%), по што следуваат валутите и депозитите (25,6%) и монетарното злато (10,4%).

Оттаму истакнуваат дека рамката за изготвување на стандардните извештаи за девизните резерви и девизната ликвидност се заснова на два меѓусебно поврзани концепти – официјалните девизни резерви и девизната ликвидност.

Податоците се однесуваат на состојбата на девизните резерви и останати девизни средства на НБРСМ на определен датум. Девизните резерви се дефинираат како средства коишто ѝ се веднаш расположливи на монетарната власт и се контролирани од монетарната власт, а служат за финансирање на платниот биланс преку интервенција на девизниот пазар со цел да се влијае врз девизниот курс и/или за други цели. Останатите девизни средства се составени од девизните средства на централната банка коишто не ги исполнуваат основните критериуми за нивно вклучување во девизните резерви.

 

Девизна ликвидност е поширока дефиниција на девизните резерви, опфаќајќи ги од една страна, девизните средства расположливи веднаш на властите (монетарната власт и централната влада) за задоволување на побарувачката за девизи, а од друга страна, краткорочните девизни обврски и вонбилансните активности, преку планираните и потенцијалните нето-одливи на девизни средства врз оваа основа, стои во соопштението од Народната банка.

Слични содржини