Македонија спаѓа во земјите кои имаат озбилен проблем со корупција, според извештајот кој денес беше објавен од невладината организација Транспаренси интернешнл. Во групата на тие земји Македонија е ставена поради корупција во секторот за човекови права и неможноста да се остварат правата во правосудниот систем.

Во извештајот за перцепција на корупцијата за 2015 година, Македонија падна за две места во однос на претходната година и го дели 66 место со Турција и Сао Томе и Принципе. Македонија има 42 поени на скалата од 0 до 100, додека во претходниот извештај имаше 45 поени.
Во регионот Словенија е на 35 место, Хрватска на 50, Грција на 58, Црна Гора на 61, Македонија на 66, Бугарија на 69, Србија на 71, БиХ на 76, АЛбанија на 88 и Косово на 103 место.