Македонија ја победи Италија, на чекор е до историски пласман на Светското првенството

од Milan1
409 прегледи

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Палермо ја победи репрезентацијата на Италија со 1-0 (0-0) и обезбеди пласман во финалето од баражот за пласман на Мундијалот 2022 против Португалија на 29 март.

Голот го даде поранешниот играч на Палермо, Александар Трајковски во 92 минута.

Трајковски со прецизен удар од дистанца во судиското продолжение го совлада немоќниот Донарума.

Македонија е на чекор до историски пласман на Светското првенството, а за тоа ќе и биде потребна уште една гостинска победа на 29 март против Португалија.

Слични содржини