Македонија ќе биде прва во Европа во воведувањето асистенти за вештачка интелигенција, порача Битиќи

од Nikola Popovski

Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, дигитализацијата ќе биде една од капиталните инвестиции проектирани во Буџетот, а бенефитите допрва ќе се почувствуваат. Тој денес информира дека Македонија ќе биде прва во Југоисточна Европа, па и во Европа, во однос на воведувањето асистенти за вештачка интелигенција.

-Одлучивме дека за мала земја како нашата повеќе од потребно е да се има визија за најмалку 20 години и во таа насока ги креираме мерките. Креираме всушност такви мрки, минимум среднорочни зашто ниту еден процес, посебно не дигитализацијата во јавниот сектор, кај бизнисот и  граѓаните, не треба да биде краткорочно решение, истакна Биитќи на денешниот прв панел во рамки на 10. Самит на Мекдонија 2025.

Тој кажа дека во Министерството за информатичко општество и администрација се планирани 20 милиони евра за дигитализација.

Од наредната година, додаде Битиќи, институциите ќе бидат дигитално поврзани и операбилни.

Слични содржини