Македонија ќе добие 66 милиони евра помош од Брисел

од Берта Китинска
342 прегледи

Амбасадорот на Европската унија во Македонија, словенечкиот дипломат Самуел Жбогар вчера на својот профил на Твитер ја најави финансиската поддршка која земјава ќе ја добие од своите европски пријатели.

„Сите сме заедно во борбата против овој злобен вирус. Во овие тешки времиња, Европската унија ќе ја поддржи Македонија со: До 4 милиони евра за итни потреби, до 50 милиони евра за социоекономско закрепнување, 9 милиони евра за приватниот сектор и 3 милиони евра директна поддршка за македонскиот буџет“, напиша Жбогар на Твитер.
Вчера министерот за надворешни работи, Никола Димитров најави помош од Европската унија за справување со коронавирусот во Македонија. Шефот на македонската дипломатија на „Топ Тема“ на Телма ТВ изјави дека Европската комисија ќе предложи фонд од 23 милијарди евра во борбата против коронавирусот, истакнувајќи дека земјава веќе се пријавила за помош.

Слични содржини