Македонија ќе биде транзитна земја за рускиот гас кон Европа, вели во интервју за МРТ заменик-претседателот на Комората за трговија и индустрија на Руската Федерација, Георги Петров.

Петров објаснува дека проектот „Турски тек“ се уште е во зародиш, со многу отворени прашања и проблеми што треба да се надминат, во прв ред меѓу Гаспром и европските партнери, но се зголемува потребата од природен гас на стариот контитент и тука е шансата на Македонија.
– Сите енергетски аналитичари очекуваат да се зголемува потрошувачката на природен гас во Европа. Секој гасовод е оправдан, ако од една страна има доволно ресури, а од друга страна има потреба. Верувајте ми, Русија ги има потребните ресури, а има и побарувачка. Затоа сметам дека ќе се реализира овој гасовод, а Македонија нема да биде само потрошувач, туку транзитна земја за рускиот гас, вели Петров.