Македонија ќе ја заврши 2023-та со најмал економски раст во регионот, ќе се зголеми и јавниот долг

од Vladimir Zorba
311 прегледи

Економскиот раст на Северна Македонија годинава ќе биде 1,8 отсто, во 2024 ќе изнесува 2,5, а во 2025 година ќе се зголеми на 2,9 проценти. Инфлацијата, пак, во 2023 ќе се задржи на ниво од 9,1 процент, за во наредната година да се намали на три, а во 2025 на два отсто.

Ова го покажуваат најновите прогнози на Светската банка изнесени во извештајот за економските показатели на земјите од Европа и Централна Азија.

Банката прогнозира дека целиот регион на Западен Балкан годинава ќе забележи раст од 2,5 проценти, за разлика од лани кога изнесуваше 3,2 отсто. Северна Македонија, според проекциите, е со најнизок раст во регионот.

Највисок економски раст во 2023 година ќе има Црна Гора од 4,8 проценти, потоа Албанија 3,6 проценти, Косово 3,2 проценти, Хрватска 2,7 проценти, Босна и Херцеговина 2,2 проценти и Србија — 2 проценти.

Според Банката, јавниот долг кој во моментов е 59.1 ќе се зголеми на 60.2 проценти од БДП до крајот на годината. Долгот се очекува да расте и во следните две години и во 2025 година да достигне 62.2 проценти.

Слични содржини