Македонија ќе се обиде да добие минимум 300 милиони евра од еврообврзницата

од Vladimir Zorba
106 прегледи

Македонија ќе се обиде да добие минимум 300 милиони евра од издавањето на седумгодишна евробврзница со каматна стапка од 5,875 проценти, пишува „Ројтерс“.

evra1

По одложувањето на продажбата на еврообврзницата од 650 милиони евра, таа денеска вторпат е понудена на продажба.

Лидерот на опозицијата Зоран Заев повторно испрати писмо до банките и светските медиуми во кое потсетува за незаконската постапка за издавање на еврообврзницата.

ВМРО-ДПМНЕ пак вели дека еврообврзницата преставува нормален финансиски механизам што се применува во сите европски земји.