Македонија ги зајакнува билатералните односи со Белорусија. Министерствата за надворешни работи последниот ден од минатата година потпишале протокол за соработка, јавуваТелма. Истиот ден Минск потпишал ист протокол за проширување на билатералните односи со Црна Гора. Според овој протокол Белорусија и Македонија се согласиле да одржуваат консултации и да разменуваат мислења за прашања од заеднички интерес. Тоа значи дека Владата во Скопје ќе го консултира Минск за политички прашања. Преговорите за зајакнување на соработката, според белоруското министерство за надворешни работи се одржале во ноември.

До сега Македонија немаше поблиски врски со оваа земја, која се смета за најблиска до Русија, а нејзиниот претседател Александар Лукашенко кој се посочува како диктарорски и режимски шег на држава е исклучително блисок со Путин.
Лукашенко, за кого и американците го нарекоа последниот дикатор во Европа, во ноември го освои петтиот претседателски мандат и најави дека има намера да остане претседател доживотно.
Аналитичарите оценуваат дека оваа македонско-белоруска соработка не е некој голем успех и за респект и фалење на македонската дипломатија, но очигледно има политичка порака, првенствено до Брисел и САД.Експертите проценуваат дека оваа соработка може да е добра единствено од некој економски аспект, и некаква резервна отстапница кон Русија.