Македонија може да биде следната членка на НАТО, оцени Хачисон

од desk2
62 прегледи

Постојаниот амбасадор на САД во НАТО, Кеј Бејли Хачисон, оцени дека Макдонија е земја што може да ги исполни критериумите за да стане следна членка НАТО, но додаде дека мора да се реши проблемот со името, односно да се најде решение што ќе биде прифатливо и за Грција.

Хачисон, во интервју за американскиот весник „Вашингтон пост“, рече дека ја поддржува интеграцијата на Македонија во НАТО, но потсети дека новите земји членки треба да исполнуваат одредени демократски и воени стандарди.

– Пред 10-15 години имаше дебата и донесена е одлука да имаме политика на отворени врати и да ги вклучиме балканските и балтичките земји и да имаме стандарди што ќе ги направат посилни. Ако имаме исполнети стандарди на демократија, војска и на владеење на правото, тогаш овие земји ќе бидат поспособни да се бранат самите и да опстанат како демократии на долг рок. Политиката на отворени врати сè уште е тука и стандардите се тука – рече Хачисон.

Сепак, Хачисон истакна дека поради спорот со Грција, нема едногласно гласање за членството на Македонија.