255
Пред Владата втор ден се одржува протест против францускиот предлог.
„Македонија не е на продажба“, „Никогаш Северна, само Македонија“, „избори“ „оставка“, учесниците на протестот извикуваа.
Протестот се одржува под мотото „Ултиматум-не благодарам“ , нема официјален организатор , но е поддржан од повеќе граѓански организации и политички партии меѓу кои и од најголемата опозициска ВМРО-ДПМНЕ.
Протестите ќе продолжат најверојатно и во следните денови.