Македонија нема доволно вагони за превоз на мигрантите, „Елефтериос Венизелос“ носи нови…

од desk3
127 прегледи

„Македонската железница нема капацитети да ги превезе сите кои сакаат да одат во земјите на Европската унија. Ситуацијата е алармантна“, изјави директорот на ова претпријатие Никола Костов за телевизија Телма.

мигранти на воз
Тој ги повика соседните земји да позајмат вагони за превоз на бегалците. Околу 2 илјади и 600 сириски бегалци од неколку грчки острови денеска со брод треба да пристигнат на континенталниот дел на Грција.

Бродот „Елефтериос Венизелос“ вчера тргна од островот Кос и најпрвин бил упатен кон Солун, но потоа пренасочен кон Пиреја. Во Грција од почетокот на годинава досега пристигнаа над 150 илјади мигранти, главно од Сирија.