„Македонија пат“: Од 10 часот е укината забраната за камиони на патот Маврово – Дебар

од Nikola Popovski
278 прегледи

ЈП „Македонија пат“ информира дека во 10:00 часот претпладнево е укината забраната Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово-Дебар.

Според АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по, наместа, влажни коловози, а наместа со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенции на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“. Поради ниските температури, можна е појава на голомразица.

Забрани има на правците:

– Тетово – Попова Шапка има забрана за сообраќај за тешки товарни возила и автобуси.

– Од Дебар кон Струга. Во спротивниот правец од Струга кон Дебар нема забрана за тешки товарни возила.

На патниот правец Р2248 меѓу с. Ранковце и с. Герман има забрана за сите видови моторни возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Слични содржини