Македонија под лупа за злоупотреба на европски пари

од Nikola Popovski
599 прегледи

Трошењето на европските пари во Македонија е под лупа на Европската служба против измами. Во последните пет години, од 36 истраги во земјите од Западен Балкан, половина или 18 се однесуваат на злоупотреба на европските фондовите во земјава.

Инспекторите од Европската служба против измами (ОЛАФ) се очекува наскоро да пристигнат во Скопје, јавува РСЕ од внатрешни извори вклучени во истрагата.

Ова се случува откако Канцеларијата, која е одговорна за ревизија на средствата за земјите членки на Европската Унија и другите земји кои имаат корист од овие средства, отвори 36 истраги за земјите од Западен Балкан, но половина од нив се точно околу злоупотреби во Македонија. Истрагите се водени во изминатите 5 години, а според податоците објавени во годишните извештаи на ОЛАФ, земја со најголем број истраги започнати на Западен Балкан е нашата,

„Од почетокот на истрагите, ОЛАФ испрати седум препораки до европските институции и до македонските власти“, се вели во соопштението на европската инситуција

Според извештаите на ОЛАФ, тоа значи дека од 18 истраги за пет години, 7 се затворени, а ако се погледнат годините, 2021 година е годината во која се пронајдени најмногу или 8 истраги за можна злоупотреба на европски пари. Три од овие истраги се затворени со спроведувањето на препораките на ОЛАФ.

Шефот на ЕУ делегацијата во земјава, Дејвид Гир потврди дека Европската служба против измами (ОЛАФ) со седиште во Брисел подготвила препораки за европските институции и македонските власти во однос на злоупотребата на европските фондови.

Ова покажува колку сериозно ЕУ пристапува и го проверува начинот на кој парите од европските даночни обврзници се трошат во Северна Македонија. Сакам да потенцирам дека ОЛАФ е многу сериозно тело, кое спроведува истраги за тоа како се трошат парите на ЕУ.  Ја потврдувам бројката, но не ги знам деталите во врска со самите истраги. Можам да потврдам дека има различни субјекти кои се дел од тие истраги, потенцира вчера Гир.

Слични содржини