Македонија под вршник: Температури до 40 степени!

од Nikola Popovski
29 прегледи

Македонија под вршник. Пред нас е портокалова фаза. Денеска утринската температура ќе биде од 14 до 21 Целзиусов степен, а во текот на денот од 31 до 40 степени. УВ-индексот ќе биде 9.

Лекарите порачуваат – останете хидрирани, носите светла облека, капа и очила.

Сончево и многу топло време со мала облачност е прогнозата за денес во Скопје. Во текот на денот ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската темпертура ќе биде 19, а дневната ќе се искачи до 38 степени.

Поради влажноста во атмосферата, метеоролозите укажуваат дека температурите што ќе ги чувствуваме ќе бидат повисоки од оние што официјално се мерат под сенка.

Од денес до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Во недела во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) препорачува во текот на овие денови, кога се најавува сончево и многу топло време, граѓаните постојано со себе да носат шише со вода, да бидат облечени во светла, лесна и комотна облека, главите да им бидат заштитени со капа, шешир или со чадор. Од ИЈЗ исто така велат дека треба да се јаде овошје и салати, да не се јаде топла, зачинета и солена храна што може да дехидрира, како и да се избегнува пиење на алкохол, кафе, чај.

Слични содржини