36
Македонија се справува со огнената стихија. Сè уште активни неколку пожари во земјава. Две нови жаришта на отворено, првиот на територијата на општина Петровец, во атарот на село Градманци, а се движи во насока на Катлановска Брезница.
Вториот кој е посериозен е на територијата на општина Гевгелија, во атарот на село Негорци каде што огнот се приближил на 50 до 100 метри до првите куќи. Центарот за управување со кризи итно пренасочил еден армиски хеликоптер да помогне во гаснењето. и во Македонски Брод, кај селата Брезница и Тажево продолжува битката со големата огнена стихија.
Во прилепско полицијата приведе осомничен за подметнување пожар.