Собранието денес го изгласа новиот Закон за енергетика, кој поставува темели за модерна, одржлива и европски усогласена енергетска политика. Законот предвидува зголемена употреба на обновливи извори, повисока енергетска ефикасност и отворен пазар каде граѓаните ќе можат да бидат производители и продавачи на струја.
Министерката за енергетика Сања Божиновска изјави дека законот не е само правен документ, туку визија за чиста и праведна енергетска иднина. Особено внимание е посветено на заштитата на ранливите категории и намалување на енергетската сиромаштија.
Законот обезбедува стабилни услови за инвестиции во соларни и ветерни електрани, топлификација, гасификација и дигитална инфраструктура. Министерството најави дека ќе работи посветено на имплементацијата со фокус на резултати што ќе ги почувствуваат граѓаните и стопанствотo.