Македонија со пад од четири места на глобалниот Индекс за мир

од Nikola Popovski
20 прегледи

Меѓународниот тинк-тенк, Институтот за економија и мир, го објави овогодинешниот глобален Индекс за мир (GPI). Македонија се најде на 51-то место што е пад за 4 места во однос на минатогодишното рангирање.

Од регионот Словенија е на 9-то место, Хрватска (19), Бугарија (29) и Црна Гора (34). Зад Македонија се Албанија(52) Бугарија (57), БиХ (59), Косово (63) и Србија (64).

Исланд повторно е прогласена за најмирна земја во светот според Глобалниот индекс на мир. Покрај тоа што го зазема првото место на рангирањето оваа година, Исланд е трет на листата на најсреќните земји во светот на Извештајот за светска среќа, а е и една од најпосакуваните туристички дестинации на северната хемисфера.

Русија е на дното на листата, на 163-то место. Ова е прв пат да биде именувана за најмалку мирна земја во светот во овој извештај.

Индексот рангира 163 независни земји и територии според критериуми како што се социјално осигурување, обем на домашни и меѓународни конфликти и степен на милитаризација.