Македонија вчера пријави 2.341 нов случај на коронавирус, што е нов црн рекорд и најмногу за еден ден од почетокот на пандемијата.
Ова е четврти пат бројот на новозаразени да надмине 2.000 потврдени случаи, откако тоа се случи пред седум дена.
Во соопштението од Министерството за здравство се наведува дека со 6.193 тестови за коронавирус се потврдени 2.341 нов случај, а 13 отсто се реинфицирани. Регистрирани се вкупно 25 смртни случаи, од кои 21 пациент починал во последните 24 часа, а четворица со претходен датум на смрт се пријавени согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин.
Досега вкупно починале 8.266 лица, од почетокот на епидемијата се регистрирани 259.328, а активни се 20.856 случаи.
Институтот за јавно здравје регистрираше дека оздравеле уште 1.470 пациенти, со што вкупниот број на излечени се искачи на 230.206.