Македонија утре ќе биде домаќин на владина делегација и тур оператори од Бугарија

од Nikola Popovski
206 прегледи

Mинистерот за транспорт и врски, Благој Бочварски денеска ја предводеше работната група за транспорт, инфраструктура и енергетика на Владата во Софија, каде беше остварена втората работна средба на мешовитите комисии со колегите од Владата на Република Бугарија.

Министерот информираше дека веќе е договорено зголемување на квотата за транспорт на стока за и од трети земји на 1500 дозволи годишно и остварен е значителен напредок во однос на преговорите за целосна либерализација во однос на товарниот транспорт.

-На мое лично задоволство го прецизиравме и утрешниот лет на линијата Софија – Скопје и ќе бидеме домаќини на владина делегација и тур оператори од Република Бугарија. Заедно со министерот Николај Сабев ќе работиме со Европската Унија за продолжување на финансирање на патниот и железничкиот Коридор 8, додаде Бочварски.

Слични содржини