Македонија вечерва ќе ги прими првите бегалци од Авганистан

од Nikola Popovski
239 прегледи

Вечерва на скопскиот аеродром ќе пристигнат првата група граѓани од Авганистан.  Тие се дел од  780 авганистански граѓани кои ќе бидат згрижени во земјава отако САД и сојузниците се повлекоа од Авганистан, а власата ја преземаа талибанците.

-Вечерва се очекува да пристигнат 149 граѓани на Авганистан, вработени, соработници и членови на нивни семејства, на меѓународната организација Отворено владино партнерство (Open Government Partnership – OGP) каде што Северна Македонија е официјално членка, како и вработени и соработници на Transparency International, Wold Economic Forum и други меѓународни организации, соопштија од владата.

Точното време на пристигнување не прецизирано, но се очекува тоа да биде вечерва.

-На скопскиот аеродром ќе бидат прифатени од МНР, МВР, Црвениот Крст, Министерството за здравство и меѓународните организации, додаваат од владата.

Како што беше претходно соопштено од Владата, бројката на бегалци од Авганистан кои ќе ги прими Македонија од првичните 650 се искачи на 780. Тие ќе бидат сместени главно во хотели во периферијата на Скопје.

Во земјава на бегалците ќе им се обезбеди сместување, лекарски прегелди и ковид тестирање и вакцинирање. Воедно ќе добијат статус на времен престој, најмногу до 90 денови.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во гостување на емисијата „Жешко политичко лето“ не можеше да потврди колкава ќе биде конечната бројка на бегалци кои ќе пристигнат во земјата поради проблемите со евакуацијата на аеродромот во Кабул со кој се соочуваат западните сојузници.

Тој сепак уверува дека граѓаните треба да бидат спокојни затоа што нема основа за нарушување на безбедносната состојба.

Слични содржини