Македонија вклештена – се трпаат бегалци и од север и од југ !

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Станува  се потензично на границите каде поминува балканската мигрантска рута, особено по ставот за селекција на  бегалците и враќањето на тие кои не се од завојуваните подрачја на Сирија.

ограда

Почнуваат повторно и инцидентите со полицијата. Со натписи „Отворете ги границите“  кинење и газење на оградата и насилно влегување на грчко-македонската граница  , имаше и приведувања од  страна мешаните полициски сили.

Во меѓувреме  кај јужната македонска граница се зголемуваше бројот на лицата од Авганистан што сакаат да продолжат на патот кон Германија, Австрија, Шведска.Последна ,бројка беше 300 Авганистанци , а истовремено, на северната граница кај Табановце се заглавени 700 Авганистанци.

Токму таа е сликата за која локално.мк предупредуваше месеци порано, дека е можна да се случи ваква состојба и тоа открива дека  сепак  има некаков преќутен договор токму Македонија да биде паркингот -КАМП, за се што ќе биде вратено од Европа а Грција  нема да сака да ги прими назад.

Од  МНР велат и за тоа имале  решение, негирајќи ја можноста земјава да се претвори во голем бегалски камп.Изјавите се едно- реалноста е друго.

Бегалците пак револтирано имаат свој одговор и правда: „Ова не е добро. Сирија е 5 години во војна, а Авганистан 30 години. Зошто ваква дискриминација“, велат  бегалците од групата што чека на јужната граница со Грција.

Развојот на ситуацијата дојде откако во петокот Австрија ефикасно воведе дневен лимит на барателите на азил во земјата, предизвикувајќи проблеми во ЕУ, дека тоа може да доведе до “домино ефект” и во земјите на балканскиот правец. Од ноември наваму некои од земјите од Балканот пропуштаат во своите територии само Сиријците, Ирачани и Авганистанци, чија цел најчесто се земји како Германија и Шведска.

Дека очекувано се стега обрачот околу Македонија, говори и притисокот од Грција, која се заканува и со вето на одлуките во меѓународните организации каде таа може да гласа во однос на Македонија и Србија, ако се затвори границата кон Македонија.4673205

Грција во понеделникот изјави дека ќе преземе дипломатски активности за да ја убеди Македонија да прифати авганистански бегалци на својата територија. Во моментов околу 5.000 бегалци и мигранти се блокирани на границата меѓу двете балкански држави, откако во неделата од Скопје изјавија дека нема да дозволат Авганистанци, соопшти полицијата. “Почнавме дипломатски потези … Веруваме дека проблемот ќе биде решен”, рече министерот за прашањата на миграцијата Јанис Музалас без да дава дополнителни информации.

“Подготвуваме, па ако има нарушувања на европски одлуки од страна на Србија и Скопје, ние да можеме да се справиме со проблемот кој ќе се создаде во Грција”, рече тој.

Покрај луѓето на границата, други 3.000 лица се блокирани во главниот град Атина, откако пристигнаа на пристаништето Пиреја од грчките острови, соопшти владин извор, според кого властите имаат тешкотии со тоа да најдат засолниште за новодојденците. “Не очекуваме (дипломатско) одлука денес”, рече владиниот извор кој додаде дека на авганистанските граѓани ќе биде обезбедено засолниште.

Европската комисија исто така не се снаоѓа во целата  мигранстка медијација . Тие  рекоа дека нема затворање на границата меѓу Македонија и Грција. На прашањето дали е координирано блокирањето на протекот на Авганистанци, кој почна од Австрија, а продолжува со Хрватска, Србија и Македонија, гласноговорничката на ЕК одби да даде директен одговор. Таа само  истакна дека постои релокациска шема за Грција и програма со Турција, која треба координирано да го менаџира напливот на бегалци на западнобалканската рута. Портпаролката на ЕК задолжена за миграциски прашања, Наташа Берт,  беше децидна дека Брисел инсистира земјите „да се информираат за тоа какви мерки преземаат пред да ги преземат“ .

Од македонското МНР се упорни во изјавите :„Македонија нема да ја затвори границата за мигрантите. Нема да дозволиме ниту земјата да стане-тампон зона за тие што нема да се пропуштаат или ќе бидат вратени. Македонија нема да следи ничија политика за мигрантите, туку ќе се грижи исклучиво за сопствените интереси, а во моментов најдобро решение е да ги спроведува заклучоците на Советот на ЕУ, бидејќи тие гарантираат дека не сме крајна дестинација на мигрантите“, порачаа од МНР, додека на границата се трпаат нови бегалци .

 

/ АФП