Македонија ѝ нуди помош на ЕУ за управување со отпад

од Nikola Popovski
84 прегледи

Македонија понудила да прифати безопасен отпад од ЕУ, познат како отпад од „зелената листа“, со цел да го користи за индустриски цели и да управува со него на еколошки начин, пишува „Дојче веле“.

Европската унија усвои нова регулатива за управување со отпад, а Македонија понудила помош и е една од 23-те земји кои ја известиле Унијата дека сакаат да прифатат отпад.

За увоз од регионот се заинтересирани и Србија и Босна и Херцеговина, кои исто така не се дел од Организацијата за економска соработка и развој.

Како што пренесува „ДВ“, сега останува на ЕУ да одлучи дали земјава има капацитет да управува со овој вид отпад на еколошки начин.

„Извозот на неопасен отпад, познат како отпад од „зелена листа“, генерално ќе биде забранет во земјите кои не се членки на ОЕЦД. „Исклучок од ова правило би биле земјите кои имаат капацитети кои ги исполнуваат условите за заштита на животната средина за преработка на овој отпад“, велат од македонското Министерство за животна средина и просторно планирање.

Целта на извозот на отпадот е да се спречи нелегалниот извоз од земјите-членки на ЕУ во трети земји и да се третира отпадот на начин кој нема да и наштети на животната средина.

Според еколошките активисти, разбирливи се причините поради кои земјата пројавила интерес за увоз на отпад од ЕУ, користејќи го главно за индустриски цели.

Сепак, штетите што може да настанат се другата страна на приказната.

Новата европска регулатива стапува на сила за две години, во мај 2027 година.

Слични содржини