Во текот на овие два дена предводам делегација од Министерството за внатрешни работи, во работна посета на Швајцарската Конфедерација, сподели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Денеска, во Тринген ќе се сретнам со наши сограѓани, во македонската православна Црква, „Св. Наум Охридски”, согласно веќе воспоставената практика за време на работните престои во странство да остварувам средби со наши исселеници под мотото „Го слушаме гласот на сите, секој еден е важен!”, а со цел да се иницираат и забрзаат веќе отпочнатите активности за подобрување на условите на нашите граѓани во државите во кои живеат.
Утре, ќе остварам работна средба во Берн со мојата колешка, министерката за правда и полиција на Швајцарската Конфедерација, Карин Келер-Сутер, а по повод потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален совет за воспоставување на партнерство за миграција, додаде тој.