308
Девојката со македонско потекло, Емилија Стојменова Дух, која инаку е доктор на науки и асистентка на Електротехничкиот факултет во Љубљана, е избрана за министерка за дигитализација во новата словенечка влада.
Таа е основач и директор на мрежата FabLab Slovenia, како и директорка на Digital Innovation Hub (DIH) Slovenia.
36-годишната Стојменова Дух е активна во иницијативата за „паметни села“, поддржана од Европската комисија и Европскиот парламент.
Таа ја претставува Словенија во мултирегионален проект на Стејт департментот на САД, кој избра 50 жени од целиот свет кои се на важни позиции во науката, технологијата и математиката.