Македонка меѓу 100-те највлијателни жени во социјално претприемништво во Европа

од Vladimir Zorba

Македонија има своја претставничка на листата 100 највлијателни жени во социјално претприемништво на Euclid Network. Станува збор за Бистра Кумбароска, основачка на Heartbeats Innovation & Communication и потпретседателка на Националниот старт – ап совет на Фондот за иновации и технолошки развој.

“Ако сум можела да видам подалеку од другите, тоа е затоа што сум стоела на рамењата на неколку џинови. И најголем дел од тие џинови во мојот живот биле ЖЕНИ, со големи букви, почнувајќи со мојата баба Сава, баба Вера, мајка Сашка и тетка Анче / кои ми се инспирација и поттик и ден денес. И благодарам на мрежата Еуклид за ова прекрасно признание денес! Светот не е лесен за менување, но гледајќи ги овие 100 жени на листата, ми дава надеж дека секој ден сме поблиску до еден подобар свет! Нема откажување“, напиша Кумбароска на Facebook.

На листата се најдоа 100 жени од Европа што се занимаваат со социјално претприемништво. Изборот е направен врз основа на скоро 500 одговори и отворени номинации, а жените кои се најдоа на листата имаат голем социјален импакт врз општеството каде што делуваат.

loading...

Слични содржини