Платформата „Македонска архитектура“, која е посветена на промоција на македонската архитектура пред пошироката јавност, забележува и критикува дека се прави надградба на зградата на Министерството за надворешни работи.
Институцијата е сместена на кејот на Вардар и во еден од објектите од проектот „Скопје 2014“.
Од „Марх“ објавија статија насловена: „Министерството за надворешни работи одлучи да му покаже на светот како тоа ние го правиме“.
„Од каде да почнеме со сатирата и цинизмот нема да погрешиме, бидејќи од овој менталитет нема бегање. Па така, одлучивме на светот да му покажеме, како тоа се прави во Македонија. Надградба небаре е ова домата твоја ( и тогаш е погрешно, но… ), пропорции никакви мислиш ресторан за свадби се подготвува горе. Веројатно и тоа и е функцијата на оваа надградба, за коктелчиња со поглед, приеми и сл.
Какви времиња дојдоа – и Скопје 2014 да го браниме од тие што го изградија – ПАРАДОКС“, посочуваат, меѓу другото, од „Марх“.
Целата реакција можете да ја прочитате на следниот ЛИНК.