Македонска делегација разговараше со Брнабиќ за натамошното унапредување на односите

од Nikola Popovski
40 прегледи

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ денеска се сретнала со делегацијата на Владата на Република Македонија, при што на средбата било заклучено дека двете страни ќе се фокусираат на реализација на конкретни проекти и иницијативи, со цел понатамошна интеграција и подобрување на односите меѓу Македонија Србија, што ќе придонесе за регионална стабилност и просперитет.

Македонската делегација ја сочинуваат вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ, вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Брнабиќ го изразила своето задоволство од посетата и честитала за формирањето на новата влада, додавајќи дека Северна Македонија секогаш може да смета на искрена поддршка и партнерство од Србија.

Посебен акцент бил ставен на парламентарната соработка, со заемно задоволство што во Собранието на Република Северна Македонија е формирана парламентарна група за пријателство со Србија. Според српските медиуми, оваа иницијатива дополнително ќе ги зајакне политичките и дипломатските односи, обезбедувајќи нови можности за подобрување на билатералниот дијалог.

-Претседателката Брнабиќ го истакна значењето на Република Северна Македонија како економски партнер на Србија, како на полето на надворешната трговска и инвестициска соработка. Се разговараше и за Протоколот потпишан во Скопје, кој овозможува воспоставување слободен пазар на труд во рамките на иницијативата Отворен Балкан, што ќе придонесе за подобрување на деловното опкружување и решавање на проблемот со недостигот на работна сила.

Вицепремиерот Стоилковиќ, исто така, изрази задоволство од зајакнувањето на соработката и истакна дека силните и постојани врски меѓу двата народи претставуваат солидна основа за натамошно унапредување на соработката на сите нивоа. Стоилковиќ додаде дека активно ќе работат на учество на претстојниот светски изложбен настан „EXPO 2027“, што ќе биде уште еден важен чекор во подобрување на меѓусебните односи и промоција на регионот, пренесува српската новинска агенција Танјуг.

Слични содржини