Македонска државјанка сакала нелегално да изнесе 89 илјади евра од Бугарија

Државјанка на Македонија фатена на бугарска граница со скриени 89.000 евра

од Nikola Popovski
51 прегледи

Бугарската гранична полиција привела државјанка на Македонија откако кај неа биле пронајдени скриени 89.000 евра, соопштија тамошните полициски власти.

Настанот е пријавен на 29 август, кога 40-годишна државјанка на Македонија, патувајќи со автомобил, пристигнала на граничниот премин „Ѓуешево“ за излез од Бугарија. Граничната полиција побарала заеднички преглед со царинските службеници. Кај 40-годишната патничка биле пронајдени скриени 89.000 евра кои биле залепени и скриени под нејзината облека.

Како што информираат бугарските медиуми, покрената е брза истрага, а жената е приведена.

Се работи на расветлување на случајот.