Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска е во работна посета на Франција, каде среќава со францускиот министер за вооружени сили, Себастиен Лекорну.
Петровска беше пречекана со највисоки државни воени почести и интонирање на македонската и француската државна химна.
Во рамки на посетата, министрите за одбрана ќе го потпишат Договорот за соработка во областа на одбраната помеѓу Владата на Француската Република и Владата на Република Северна Македонија.
Со потпишувањето на овој договор се предвидува засилување на соработката помеѓу двете земји – сојузнички во Алијансата. Договорот предвидува плодна билатерална соработка во повеќе области, како стратегиската одбранбена политика, организација и функционирање на силите, учество во меѓународни операции, воени вежби и тренинзи, како и воена едукација.