„Македонска пошта“ на работ на опстојување: „Има вработени кои не доаѓаат на работа, но и такви кои не ги знаат работните места“

од Nikola Popovski
454 прегледи

Синдикатот на „Македонска пошта“ искажа загриженост за состојбите во јавното претпријатие, бидејќи како што велат, се на работ на опстојување и со самото тоа и зачувување на местата на над 2000 работници. По протестот минатиот месец, Синдикатот продолжил со активностите во заштита на работничките права и побарале итна средба со УО, за преку социјален дијалог да се отпочне за реализација на барањата на вработеите.

-УО не се одзва на состанокот и не присуствуваа, со што ги нарушија начелата на преговори и водење на социјален дијалог. Поради тоа бевме приморани да испратиме барање до Влада која е основач на друштвото, за да седнеме и да ги започнеме процесите на реформирање на Друштвото. Не добивме потврден одговор ниту од Владата. Сега сме оставени сами на себе за да се бориме за спас на „Македонска пошта“, изјави претседателот на Синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов.

Според него, во „Пошта“ има два синдикати од кои едниот донел став да се повлечат од сите наредни активности со цел заштита на работничките права.

-Приоритетно е изготвување на новата систематизација за која УО има донесено заклучок и формирана Работна комисија. Целта е на секоја наредна влада, веднаш да се приложи таа систематизација, со цел Македонска пошта да почне со реформи. Состојбите се крајно сериозни и доведени сме до финансиска криза. Загрижени сме и за редовната исплата на платите. Сакаме да ја вратиме „Пошта“ на граѓаните со навремена достава на пратка, додаде Велигденов.

Тој истакна дека има и вработени кои не доаѓаат на работните места во „Пошта“, а има и работници кои доаѓаат, а не ги знаат работните обврски и места.

Слични содржини