Македонската делегација во Пекинг оствари неколку средби

од Vladimir Zorba
322 прегледи

Иако најдобрите македонски спортисти деновиве немат настап на ЗОИ ПЕКИНГ 2022, сепак, македонската делегација во Пекинг и тоа како е активна.

Покрај редовните средби со Канцеларијата на Меѓународниот олимписки комитет, Олимписката Солидарност, претседастелот на МОК, м-р Даниел Димевски одржа работни среби и со претставниците на Меѓународните спортски федерации, меѓу кои и со Претседателот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС), г-динот Јохан Елиаш.

На овој состанок се разговарало за многу важни теми од значење за развојот на Скијачката федерација на Македонија (СФМ) и воопшто на скијањето.

Претседателот на ФИС даде апсолутна поддршка на сите барања од страна на претседателот на МОК, кој воедно и го покани претседателот на ФИС да ја посети Македонија, МОК и СФМ.

Димевски се сретна и со членот на ИОК, Колинда Грабар-Китаровиќ, која е и претседател на ИОК Комисијата за идни домаќини на Олимписките игри, како и член на ИОК Комисиите за Односи со јавност и Социјален развој преку спортот, со која разговараше за нови проекти и активности во однос на долгорочниот развој на Олимпизмот и спортот во Македонија.

Слични содржини