Македонската економија е стабилна и конкурентна на европскиот пазар.Тоа го покажуваат официјални податоци објавени од државните институции, велат од СДСМ.
-Според податоците од Дирекцијата на технолошко – индустриските развојни зони, извозот во месец февруари изнесувал 340 милиони евра, што е за 30 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година.Истовремено, раст од четири отсто бележи и бројот на вработени. Во компаниите во зоните денес се вработени 14.430 граѓани.И покрај глобалната економска и енергетска криза, се очекува бројот на вработени во ТИР зоните дополнително да расте. Во 2021 година постигнати се договори за инвестиции во вкупен обем од 188 милиони евра кои треба да донесат нови 2700 работни места, а овие инвестиции со работа треба да започнат во текот на оваа година, посочуваат од СДСМ.